Кога молчам мислите ми се најгласни.
Кога се смеам душата ми е најтажна.
Та ќе натежне и солзи ќе нагрнат,
к’о поројни дождови.
Не прашувај зошто, па ни јас не знам.
Гласови, мисли, зборови
хаотично итаат и ја параат душата,
ја расцепуваат главата.
Ме уништуваат до непрепознавање.
И конечно бурата се смирува, навидум.
Сонот ќе ме грабне.
Божем утре сè ќе биде подобро.
И мислите подредени,
и душата оплакната,
и насмевката вистинска.
Божем.
Кога душата станува претесна за мислите треба да ја постелиш на хартија - да си почини, да ти олесни, да ја споделиш. Ова е мојата душа, мојот живот - твоја приказна.
25 September 2019
17 September 2019
БОЕМСКА
Прашај ги боемите
Каде се кријат кога им плаче душата.
Во едно ќоше, на едно место
Таму каде сите те знаат,
Каде никој не прашува,
Знаат тие зошто се замаглени очите
Знае келнерот кога треба нова тура,
До фајрон, со свирачите
Редат молитви една по една,
Онаа за младоста, па онаа за љубовта.
Раскажуваат нечија приказна,
Онаа која седи во ќошот.
И никој не го прашува.
01 September 2019
ЅИД ИЛИ СЛОБОДА
И кога мракот силно стега,
ни прозорец ни пукнатина.
Не биди мува без глава.
Диши, диши и чекај.
Остави мислата да стивне.
Погледни!
Онаа мала пукнатина,
ни игла не провира.
Но имаш нокти, имаш заби.
Копај, греби, руши.
Види! Светло! Надеж!
И удирањето в ѕид вреди,
само ако добро размислиш
и го одбереш ѕидот
зад кој надежта се крие.
ни прозорец ни пукнатина.
Не биди мува без глава.
Диши, диши и чекај.
Остави мислата да стивне.
Погледни!
Онаа мала пукнатина,
ни игла не провира.
Но имаш нокти, имаш заби.
Копај, греби, руши.
Види! Светло! Надеж!
И удирањето в ѕид вреди,
само ако добро размислиш
и го одбереш ѕидот
зад кој надежта се крие.
Subscribe to:
Comments (Atom)
НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА
Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...
-
Крајот носи почеток, Почетокот - крај. Рајот носи пекол, Пеколот - рај. Љубовта носи омраза, Омразата - љубов. Убоста носи лузн...
-
Мили мој. Не си повеќе ни мил, ни мој. Како е? Ме гледаш ли во секоја друга? Ме бараш ли секоја ноќ? Стигна ли клетвата? Те болам ли уш...
-
- Зошто одиш в црква *А ти зошто не оди? - Зошто уште не си се омажила? * А ти зошто се разведе? - Зошто имате само едно дете? *...


