13 February 2019

ОГЛЕДАЛО

Одраз во огледалото.
Ова ли сум јас?
Дете во тело на жена,
насмеана, разубавена?
Или мало уплашено кутре
во аголот на правливиот дом.
Кошмар ил' јаве беше?
Празнина и црнила во душата
говорат за едно време - 
далечно, болно, мрачно.
Таму далеку, некоја друга.
Не бев јас, не тука.
Која сум јас?
Чиј живот живеам?
Чиј сон сонувам?
Сонце на залез ил' на изгрев гледам?
Чиј е одразов?

НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...