22 January 2020

ГЕНЕРАЛКА

Ќе дојде ден, ќе си зачистиш
прашинка, пајажина, алишта.
Па гледаш зад себе и си велиш - Бравос.
И една милина ти доаѓа од тоа што го гледаш,
чисто, мирисно, убаво. 
Така треба и со душата.
Се насобрале црнила,
прашина, коров.
И таа си бара чистење.
Да светни, да ти олесни.
Да замириса на свежо, на пролет.
Па и душата да ти рече - Бравос.
И да ја имаш онаа блажена насмевка
како сè да ти е рамно и убаво.
Зашто ти е.
Имаш место за нови убавини,
за нови нежности, за ново јас. 
Чисти си низ дома,
ама не ја заборавај душата. 

НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...