Нека Бог го спои
она што ветрови
сакаат да го растргнат.
И сонце го огрее
она што мракот го свил.
И галебот кон синилото да се вивне,
слободно како лист на ветер пролетен.
И ѕвоната да најават весели утра.
А јас до тебе да се будам.
Среќна, љубена, своја,
засекогаш твоја.
