25 April 2022

АРНИНА

Да ги соберам
сите арнини на веков,
пак арно не ќе видам.
Чунки, арно со арно оди.
Или не?
Лошо и арно друшки се, велат.
Кај едно оди,
другото по него вјаса.
Па ете, јас и лошото
кафе пиеме,
арнината ја чекаме.
Рече наспијте се
и јас ќе дојдам.
Та мене сон не ме фати.
И ете, година мина
јас, конечно, сон со сон врзав,
и чекам, со првиот зрак,
со првото кафе.
Како што рече.
Дојди арнино, да не би дошла.
Еднаш да те видам
та да заминам
- на работа.





No comments:

Post a Comment

НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...