25 April 2022

АРНИНА

Да ги соберам
сите арнини на веков,
пак арно не ќе видам.
Чунки, арно со арно оди.
Или не?
Лошо и арно друшки се, велат.
Кај едно оди,
другото по него вјаса.
Па ете, јас и лошото
кафе пиеме,
арнината ја чекаме.
Рече наспијте се
и јас ќе дојдам.
Та мене сон не ме фати.
И ете, година мина
јас, конечно, сон со сон врзав,
и чекам, со првиот зрак,
со првото кафе.
Како што рече.
Дојди арнино, да не би дошла.
Еднаш да те видам
та да заминам
- на работа.





08 April 2022

ДАЛГИ, ДАЛГИ

Немирни далги,
ладнина во душава
здив запира.
Болат рацете, нозете, очите,
душата боли бе!
Се кршат мразови, мислиш 
сонце пукнало да ги растопи.

Удираат далгите по камењата,
а тие час мраз, час оган.
Боли незнаењето. 
За утре, за мене, за нас.
Болат и грешките, тие
таму некаде назад.
А далгите се дават
во непостојаност.

НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...