17 July 2020

ЖИВОТ, СОН

Што сум јас без сон?
Без љубов, без копнеж.
Како дрво без ветер,
стои, но лисјата не првкаат,
сонцето не ги позлатува,
ни дожд не ги гали. 
И ќе овенам, ќе се смалам, ќе ме снема.
Како прашинка во агол
од напуштен дом,
како камче изгубено
во морето од исти на брегот.
Не сум иста, не сакам да бидам.
Јас сум јас, една, своја.
Што сум јас без сон?
Не знам, не паметам.
Немам ден без сон,
без љубов, без копнеж.
Немам ден без живот.
Нема ден без живот.

10 June 2020

СЛОБОДА

Не може да ме затворат.
Моето тело е слободно, 
мојата душа е полетна.
И во четири ѕида јас сум слободна,
и во неброени кризи и карантини
јас слободно летам.
Зашто душата ми е слободна,
весела, убава.
Одамна решив што е добро за мене.
Физичкиот затвор не е полош од душевниот.
А мојата душа не е ничија своина.
Само моја си е,
и јас решив дека ќе биде слободна.
Затоа не се жалам, не негодувам, 
не се противам.
Некој решил да ми го затвори телото, нека.
Така си имам време за себе, за мојата душа.
Да си се посветиме како што ни доликува.
И само јас и мојата душа може да решиме
дали четирите ѕида ќе ни бидат 
затвор или слобода.

27 March 2020

СУША

Суша, тотална суша завладеала со душата.
Ни капка да капне, ни пукнатинка да рече
Вода, вода ми треба.
А не чини, не чини така.
Треба да се отвори,
да се проветри, да издише.
Ама ако кажеш може ќе ти го земат,
ќе слушне злото и ќе тропне,
како сомнителен лик доцна во ноќта.
Стануваш параноична.
И даваш трошки,
споделуваш нешто за себе,
и веќе утредента ти е жал.
Зошто им кажав?
Па тоа си е мое.
Мој живот, моја работа.
Сфаќаш дека си станала сурова, саможива.
Не бев јас ваква.
Себичност или искуство се вика тоа?
Којзнае.
Одамна бев мала и дрдорлива,
не знам кога ќе станам стара и нема.
А ова сега, којзнае што е?
Мој живот,
како да го живее некој друг.
Има ли одговор на сите прашања?
Секако дека не.
Ќе останам нем набљудувач
на мојот таканаречен живот.

22 January 2020

ГЕНЕРАЛКА

Ќе дојде ден, ќе си зачистиш
прашинка, пајажина, алишта.
Па гледаш зад себе и си велиш - Бравос.
И една милина ти доаѓа од тоа што го гледаш,
чисто, мирисно, убаво. 
Така треба и со душата.
Се насобрале црнила,
прашина, коров.
И таа си бара чистење.
Да светни, да ти олесни.
Да замириса на свежо, на пролет.
Па и душата да ти рече - Бравос.
И да ја имаш онаа блажена насмевка
како сè да ти е рамно и убаво.
Зашто ти е.
Имаш место за нови убавини,
за нови нежности, за ново јас. 
Чисти си низ дома,
ама не ја заборавај душата. 

НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...