пак би била нема,
ако тоа е цената за твоите бакнежи.
И да го нудат светот би одбила,
ако не можам да го видам во твоите очи.
И пак да се родам би те чекала тебе довека.
И ако прашаат зошто, ќе речам не знам.
Ете не знам зошто.
Зашто ми ја топлиш душата?
Зашто ме оживеа?
Зашто крај тебе летам слободно?
Можеби.
Не знам. Не знам зошто.
И неважно е.
Важно е дека си тука, дека сме тука,
дека постоиме.

No comments:
Post a Comment