18 February 2019

БИДИ МИ

Се најадов, се напив и пак сум гладна. За тебе, по тебе. За твоите воздишки, мирисот на спокој, очите полни надежна иднина, зборовите полни милост. Среќна е земјата што те има, благословена јас што те најдов меѓу милијарди, длабоко во црнилата, некаде таму на крајот на патот, на почетокот на провалијата. На крилјата на утрото. Благословена е Марија меѓу жените и јас меѓу грешните. Велат Бог забава, но не заборава. Мене никогаш. Едно божјо чедо од ,,Таму некаде" дојде во ова мало царство и од мене направи царица, жртвата стана воин, темнината сјај, а болката сила. Биди столбот на мојата иднина, да можам да те љубам до недоглед. Биди искрата во утрото и ѕвездата водилка во ноќта, да не се изгубам повторно во маглата. Да не се враќам онаму каде што бев, по мостови кои не ми се повеќе мили, на места каде нема ништо освен ладен камен. рушевини и пепел. Летај со мене кон убоста и дозволи ми да те угостам како цар, како светец, како чедото што ќе ти го родам, како домот што ќе ти го створам. Та да ми почиваш на душата, таму каде што е најтопло, во сонот да те упокојам, на јаве да те радувам. 
Само биди ми.

No comments:

Post a Comment

НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...