Ни капка да капне, ни пукнатинка да рече
Вода, вода ми треба.
А не чини, не чини така.
Треба да се отвори,
да се проветри, да издише.
Ама ако кажеш може ќе ти го земат,
ќе слушне злото и ќе тропне,
како сомнителен лик доцна во ноќта.
Стануваш параноична.
И даваш трошки,
споделуваш нешто за себе,
и веќе утредента ти е жал.
Зошто им кажав?
Па тоа си е мое.
Мој живот, моја работа.
Сфаќаш дека си станала сурова, саможива.
Не бев јас ваква.
Себичност или искуство се вика тоа?
Којзнае.
Одамна бев мала и дрдорлива,
не знам кога ќе станам стара и нема.
А ова сега, којзнае што е?
Мој живот,
како да го живее некој друг.
Има ли одговор на сите прашања?
Секако дека не.
Ќе останам нем набљудувач
на мојот таканаречен живот.
