30 December 2018

ПРАЗНИЧНА ПРИКАЗНА

Животот е како снегот. Доаѓа пополека, ненајавено. И паѓајќи носи некоја топлина, убост, милина. Те тера да застанеш, да уживаш макар и за миг. Да ти се вратат сите сеќавања од детството - снешковци, снежни топки, топол чај, ладно носе, празници, огнови, Дедо Мраз. Па да воздивнеш длабоко, радосен што ги имаш тие топли спомени од едни далечни, ладни зими, со многу снег и многу повеќе љубов. И да продолжеш во денешницата.

И потоа со еден замав на метлата и лопатата го ,,убиваш” пејзажот - за да не те боли телото, се враќаш на сивиот асфалт и - те боли душата за уништената идила, за изгубениот мир, за враќањето во реалноста. Застанете луѓе мои. Уживајте во снегот миг подолго, вратете спомен повеќе, воздивнете љубов макар уште еднаш. Наместо да се жалите на студот и мразот, радувајте се на мирот и среќата која ја носат снегулките. Бидете она малечко човече со црвено носе и водени ракавици кое прави анѓелче во снегот без да се грижи дали утре ќе се разболи, дали ќе ја скрше раката на мразот. Уживајте сега и овде. Утре? Утре ќе мислиме на утре. Убави празници!!


25 December 2018

ПОЧЕТОК


     Ова не сум јас и мојот живот. Ова си ти со твојата приказна. Заглавени сме на исто место, во исто време, на различни страни на екранот. Исто како ликови од роман на Гијом Мисо. Во иста димензија. Јас храбра да мечтаам, ти доволно луд/а да ги читаш моите мечти, а со тоа и да ме поддржуваш, следиш, продолжиш понатаму - со мене.     Е па, кога е вистинското време за почеток на нешто ново? Секогаш. Тоа значи - сега. Јас одлетав.

 Доаѓаш?




НЕ САКАМ ВО ЗООЛОШКА

Зоолошката градина е синоним за среќно место. Посебно кога си дете. Толку многу нови авантури. Сите животни кои си ги гледал на телевизија, ...